октомври 7, 2023

ЅВЕЗДИЧКИ НА КУЛТУРАТА

Интеркултурниот проект оваа година вклучуваше работа со 23 ученици од осмо и деветто одделение, предводени од пет младинци и еден ментор.
Оддржани беа неколку работилници, и тоа:
-работилница за запознавање и дисеминација,
-работилница за градење на тимски дух,
работилница за спречување на дискриминација,
три работилници за подготовка на зборник,
едукативна екскурзија во стариот дел од градот Охрид,
интеркултурен ручек,
краен настан – интеркултурна вечер.
 
Како крајна цел беше составен интеркултурниот зборник “Ѕвездички на културата”, речник на македонски, албански и турски јазик кој ќе биде предложен како дополнителна алатка во наставата!
 
Со добра соработка, вложеност, труд и позитивна енергија, овој ПХВ проект потпомогна во намалување на дискриминацијата помеѓу врсниците и поттикна понатамошна работа на оваа тема!
Ѕведичките на овој проект:
Ана Мојсоска
Ангел Крстески
Дарио Транталовски
Ана Илоска
Вероника Неделкоска
Ѕвездан Јончевски – ментор
< врати се назад