јуни 21, 2025

Завршна свеченост на Бреинобреин – Црвен крст Охрид

На завршна свеченост која на 19 јуни 2025, се одржа пред „ЅИДОТ НА ХУМАНОСТА“ во седиштето на Црвен крст Охрид, на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени интернационалните сертификати за успешно завршено соодветно ниво од БОБ програмата. Настанот беше можност и за меѓусебно дружење, на децата, но и на родителите.

Во оваа пригода, горди што секојдневно, армијата на бреинобреин генијалци се зголемува и се препознава по успесите кои ги нижат децата кои ја следеле и комплетно ја завршиле Бреинобреин програмата, Центарот за развивање животни вештини БОБ – Црвен крст Охрид, ја испрати и 16-та генерација генијалци кои ја завршија комплетната, од десет нивоа, интернационална програма Бреинобреин.

На сите наши ученици тимот на БОБ – Црвен крст Охрид им упатува искрени честитки и им порачува да продолжат да чекорат по патот на успехот, зашто успехот ги следи најхрабрите.

После заслужениот летен одмор, Центарот БОБ-Црвен крст Охрид продолжува со својата работа во септември, кога се предвидени и уписи за нови деца од 4-14 годишна возраст.

Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признаени едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика (МА) кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од страна на меѓународни инструктори.

#ЦрвенКрст

< врати се назад