март 2, 2022

ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Северна Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни работилници и предавања за широката популација. Со овие едукативни работилници ќе се опфатат различни целни групи, млада популација, ученици од средно училиште, како и повозрасна популација согласно полот и ризикот од појава на одреден вид на малигно заболување. Исто така ќе се споделуваат и објави на социјалните мрежи со пораки за превенција од појава на малигни заболувања.
< врати се назад