март 13, 2023

ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА СПИ

Минатата среда на редовен состанок во Клубот на млади беше одржана првата врсничка едукација за сексуално преносливи инфекции за оваа година.
 
Едукацијата беше одржана од новообучените едукатори на темата Сара Петковска и Ивана Котеска во присуство на 15 волонтери од Клубот.
 
Тие имаа можност да се запознаат со тоа што се тоа сексуално преносливи инфекции и болести, како се пренесуваат, како се превенираат и како се третираат, начините за заштита при сексуален однос, но и ја објаснаа вистината зад вообичаените стереотипи во однос на оваа тема.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад