јануари 20, 2018
Водици – 2018
Тимовите за прва медицинска помош и тимовите за спасување на вода повторно и оваа година беа вклучени во одбележување на манифестацијата Водици-Охрид 2018. Црвен крст Охрид сите свои технички капацитети и човечки ресурси ги стави на располагање за успешно одвивање на манифестацијата. Успешно беше интервенирано на 4 лица со хипотермија и околу 10-тина помали интеревенции. Тимот на Црвен крст Охрид исто така беше присутен и на настаните кои по тој повод беа организирани во Пештани и Св. Наум.