јуни 17, 2023

ТВОЈАТА ГРЕШКА ЈА ЧЕКААТ – Црвен крст Крагуевац

Со беспрекорниот настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац и оригиналната изведба на претставата „ТВОЈАТА ГРЕШКА ЈА ЧЕКААТ“, вчера во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на осмото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 14 до 18 јуни 2023 г. се одржа во Охрид.
Талентираните крагуевчани на многу креативен и едукативен начин прикажаа како непочитувањето на разликите меѓу луѓето, слабостите, развива агресија и врсничкото насилство.
И оваа година Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според интересот, посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, овој фестивал го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор. Кога на тоа ќе се додаде и можноста која младите целосно ја искористија да креираат театарската игра и да ја афирмираат својата талентираност и сплотеност без јазични, или било какви други бариери, силните хумани пораки кои ги упатија преку театарските претстави, контактите и врските воспоставени со меѓусебното дружењето во овие четири дена, со право „ВДИШИ ТЕАТАР“ претставува препознатлив производ и во земјата и во странство, со кој Црвен крст Охрид се гордее.
Изразуваме искрена благодарност до учесниците на фестивалот, до публиката, до волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид, до медиумите, до општина Охрид и до сите институции, фирми и поединци кои го овозможија, поддржаа и помогнаа одржувањето на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ 2023.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 3 people
May be an image of 3 people, television and text
May be an image of 2 people and text
May be an image of 7 people
May be an image of 3 people
May be an image of 3 people
May be an image of 5 people
 
 
May be an image of 5 people
 
 
 
 
 
< врати се назад