септември 25, 2018

Трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Македонија изминатите години активно дејствува на полето Трговија со луѓе со акцент на подобрување на превенцијата на трговија со луѓе во земјата преку зајакнување на капацитетите и подигање на свеста кај младата популација за сите форми на трговија со луѓе.

Во однос на тоа во период од 13-15.09.2018 беа обучени врснички едукатори од Општинска организација Охрид кои имаа обврска да спроведат три информативни работилници. На 19.09. и 20.09. беа спроведени две едукативни работилници со ученици од основно училиште “Дебарца”во с.Мешеишта, Дебарца и ученици од ОСУ “Св.Климент Охридски”Охрид, а на 24.09. се одржа и информативната работилица со лица од локалната самоуправа во Охрид.

< врати се назад