Тренинг вежба во Кресна, Република Бугарија
Во периодот од 14-18.05.2018 година во околината на Кресна, Република Бугарија, во организација на Црвен крст Бугарија, се одржа меѓународна тренинг вежба за одговор во случај на поплави каде што присуствуваа претставници на Црвен крст Бугарија, Црвен крст Романија, Црвен крст Унгарија и Црвен крст на Република Македонија. На оваа тренинг вежба свој претставник имаше и општинска организација Црвен крст Охрид – Марија Ристевска-спасител на вода.
Главна цел на тренингот беше подигнување на капацитетите на волонтерите/претставници на Националните Друштва како и зајакнување на отпорноста, подигнување на ефикасноста во одговорот во случај на катастрофи на регионално ниво и размена на искуства на полето на одговор при катастрофи.