септември 21, 2025

ТИМ БИЛДИНГ РАБОТИЛНИЦА

На 17.09.2025 во просториите на Црвен крст Охрид и во рамки на кампањата за регрутација на млади волонтери #МладиЗаОхрид се одржа динамична и инспиративна работилница за тим билдинг, на која присуствуваа 20 млади волонтери.

Работилницата вооедно беше и првиот редовен состанок на Клубот на млади за оваа учебна година.

Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, креативност и тимски дух. Преку разни интерактивни активности младите учеа како да соработуваат подобро, да се поддржуваат меѓусебно и да изградат силна заедничка мотивација.

Работилницата претставуваше одлична можност за новите и старите волонтери да се поврзат, да разменат идеи и да создадат уште посилно чувство на заедништво.

< врати се назад