септември 15, 2025

ТИМ БИЛДИНГ РАБОТИЛНИЦА

Клубот на млади при Црвен крст Охрид ве поканува на “Тим Билдинг работилница”, која ќе се одржи на 17.09.2025 (среда), со почеток од 20:00ч во просториите на Црвен крст Охрид.

-17.09.2025 (среда)
-20 : 00ч
-Црвен крст Охрид

Работилницата, вооедно претставува и прв редовен состанок на Клубот на млади за оваа учебна година.

Главната цел на работилницата е да ја зајакнеме соработката, да го поттикнеме тимскиот дух и да поставиме темели за успешна и активна година во која сите заедно ќе придонесеме за хуманите цели на Црвен крст.

#ЦрвенКрст #ЦКмлади #МладиЗаОхрид

< врати се назад