декември 18, 2020

Специјализирана опрема за спасување на планина во зимски услови

Во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија, а кој го реализира Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, Општина Дебрца и Општина Грамш од Р. Албанија, ни пристигна дел од специјализираната опрема, која е планирано да се набави и со која се реализира уште еден дел од нашите стратешки определби, да бидеме во служба на граѓаните во сите годишни периоди и во најсложени метеоролошки услови.

Дел од новата опрема е наменета за делување на Планинската Спасителна Служба при Општинска организација Охрид во зимски услови, а дел од истата е наменета за воспоставување на локални тимови за спасување на нетехнички терен во Грамш и Дебрца, кои ќе бидат обучени од страна на инструкторскиот тим на ПСС, а во иднина ќе делуваат координирано во случај на несреќи.

Претседателот на Општинска организација Охрид Г-дин Сашо Точков, лично се запозна со спецификите на оваа опрема, која за прв пат се обезбедува во нашиот регион и изрази голема благодарност на Европската Унија за поддршката и честитки до Проектниот тим, кој ја изработи апликацијата и многу успешно го менаџира спроведувањето на овој втор по ред проект, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија.

< врати се назад