ноември 3, 2023

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА

На ден 3.11.2023 во средното училиште ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” се одржа симулациска вежба односно симулација на пожар во просториите на училиштето за учениците од прва и трета година.
Симулацијата започна со евакуација на учениците од страна на професорите и членовите на младинската заедница од училиштето, по што истите имаа можност да ги проследат процедурите за укажување на прва помош при санирање на три најчести повреди во ваква ситуација. Учесници во вежбата беа тимот за прва помош на Црвен крст Охрид како и тимот за укажување на прва психолошка помош.
Со оваа симулациска вежба ја започнуваме Кампањата за укажување на прва помош на Црвен крст Охрид во сите училишта која ќе се спроведува во претстојниот двомесечен период. Учениците од ОЕМУЦ по симулациската вежба проследија предавање на темата укажување прва помош од страна на обучени демонстратори по прва помош .
Се заблагодаруваме на вработените и учениците од училиштето за добрата соработка, како и на нашите волонтери, демонстратори, тимот за прва помош и прва психолошка помош за успешниот настан.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 11 people, hospital and text
May be an image of 5 people, crowd and text
May be an image of 5 people and crowd
May be an image of 2 people and hospital
May be an image of 3 people
May be an image of 2 people
 
May be an image of 4 people and crowd
May be an image of 10 people
May be an image of 3 people
May be an image of 6 people
May be an image of 9 people and text
May be an image of 1 person and hospital
May be an image of 2 people and hospital
May be an image of 16 people, people studying and table
May be an image of 1 person and hospital
 
< врати се назад