ноември 29, 2021
Регионален саем на социјалните претпријатија од Југозападниот плански регион
На 26 ноември 2021 година, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид зеде учество на првиот Регионален саем на социјалните претпријатија од Југозападниот плански регион, во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија”.
На овој саем, социјални претпријатија и невладини организации кои се занимаваат со некоја економска активност ги презентираа своите идеи и потенцијали, а се одржа и тркалезна маса за можности за раст на најиновативните социјални претпријатија во регионот, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од страна на разни чинители. Саемот се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.