Промоција на хуманата мисија и успешната соработка помеѓу армискиот ВИНГ и ПСС Охрид
Отворен ден денес на армискиот ВИНГ и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид со цел промоција на хуманата мисија на армијата и успешната цивилно-воена соработка која ја развиваат во изминатите две години во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени.
Нajважната цел е да ја доближиме опремата односно воената структура до граѓаните, бидејќи водухопловите кои ги користи армискиот ВИНГ најмногу се користат за спасување, за хумана мисија и убаво е граѓаните да видат со каква техника и опрема располагаат, вели Антонио Додевски од ПСС Охрид.
Потенцира дека и ПСС Охрид како еден вид на цивилен партнер располага со опрема, а веќе две години имаат интензивна комуникација и соработка, изведуваат заеднички вежби и тренинзи за да бидат во функција онаму каде што навистина треба, да можат усогласено и ефикасно да делуваат.
Тоа што го работиме заедно е спасување на комплициран планински терен. Правиме спој меѓу нашиот цивилен сектор, волонтерска служба којашто е специјализирана за спасување на комплексни терени, но многу често се случува пристапот до местото на несреќата да е отежнат без воздухоплов. Вежбаме да бидеме усогласени и да работиме безбедно, кога ќе е нужно нашите тимови да бидат транспортирани со воздухоплов на армијата и доколку е потребно во некои навистина комплицирани терени да извршиме извлекување на повреден со помош на техничките помагала со кои располага хеликоптерот.
Целта е, додава, преку заедничка дружба, преку размена на искуства да увидат што им недостасува како техничка опрема за да можат да се унапредуваат заеднички се со цел обезбедување брза и ефикасна интервенција во случај на било какви несреќи на територијата на држвава.
Многу е полесно кога тие имаат потреба од наша помош бидејќи ние како цивилен сектор сме многу пофлексибилни, но нема да речам за жал, кога е обратно, туку тоа си е еден нормален тек на работите, бидејќи се во една структура под посебен режим на управување и имаат воспоставен протокол. Тоа што е многу важно да кажеме е дека дежурниот односно новиот европски број 122 е тој кој ги обединува сите и би требало да ја воспоставува координацијата меѓу сите нас. Треба уште време работа за да го подобриме тој систем на меѓусебно повикување и комуникација. Најбитно е што преку вакви вежби и интензивна комуникација се зближуваме со луѓето и понатаму кога имаме одредени пречки во комуникацијата многу полесно ги елиминираме. Едноставно кажано доколку станува збор за потреба од интервенција на воздухоплов доколку се јават луѓе од нашата служба кои ќе кажата „да навистина имаме потреба“, тогаш им е полесно на останатите служби, бидејќи многу често се случува да се подигаат воздухоплови кога апсолутно немало потреба од тоа, односно можело интервенцијата да се заврши по копнен пат. За да немаме празни одови и трошење на ресурси многу е подобро да имаме усогласена комуникација. Мислам дека сме далеку од тоа што сме биле пред две години,потенцира Додевски.
Во моментов, истакнува дека имаат доволно ресурси да овозможат ефикасна служба, соодветно на условите и приликите во кои живееме, но вели мора да се работи на усогласување на регулативата.
Паралелно работиме на усогласување на регулативата и очекуваме дека во наредните година дена ќе имаме некаков напредок за да може цивилниот сектор да има јавни овластувања,додава Додевски.
https://www.ohridnews.com/ohrid-dobi-unikaten-bili%d1%98ard-bar-edinstven-na-ovie-prostori/