август 20, 2020
Препораки за топлотен бран
Во овој летен период со жешки температури, важно е нашите граѓани да се информирани за тоа како да се заштитат од топлотниот бран.
За таа цел младите волонтери од Клуб на Млади на Црвен крст на Република Северна Mакедонија-Општинска организација Охрид делеа флаери со совети за превенција од топлотен бран.
Вниманието најмногу го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време.
За време на најтоплиот период од денот(од 10ч до 17ч):
- избегнувајте напорни физички активности на сонце
- постојано внесувајте течности
- избегнувајте мрсна калорична храна
- носете светла лесна облека и заштитни очила и капа