Практична работа во Холандија на четири парамедици
Во периодот од 18-27 април 2019 година, четири волонтерки на Општинска организација Охрид кои успешно ја поминаа обуката за парамедици според програмата PHTLS (Pre Hospital Trauma Life Support), во 2018 година, обавуваат практична работа во Холандија.
Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во соработка со Националниот здравствен сервис на Холандија, организираше две вакви обуки според европските стандарди и протоколи, во септември 2016 година и во месеците септември и октомври 2018. Волонтерите на Општинска организација Охрид претходно избрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија во соработка со Општинска организација Охрид и Општинското средно медицинско училиште Св. Кирил и Методиј од Охрид, ги совладуваа најсовремените знаења, вештини и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош, третман и реанимација на повредени, кои со високо професионален пристап, најсовремена опрема и нагледни средства, им ги презентираа тројца инструктори парамедици од Националниот Здравствен Сервис на Холандија.