декември 25, 2021
Партнерски мониторинг состанок во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица”
На ден 22.12.2021 година, во просториите на Црвен крст Охрид се реализираше партнерски мониторинг состанок во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” кој е поддржан од страна на PONT/CEPF.
За време на состанокот, на кој учествуваа претставници на главниот апликант Црвен крст Охрид и партнерските организации Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ и Еко Логик, се разгледа моменталната состојба и временска рамка на проектот, се презентираа досегашните реализирани активности од страна на партнерите и главниот апликант, се презентираше рамката за промоција на проектот на социјалните медиуми, а воедно се разгледа и набавената опрема за посета на пештери.
Проектот е поддржан од: