октомври 7, 2021

Обука за Психо-социјална поддршка во итни и кризни ситуации

Во периодот од 3 до 6 октомври во Струга се одржа обука за Психо-социјална поддршка во итни и кризни ситуации, за волонтери и вработени во Црвен крст на Република Северна Македонија.

На обуката присуствуваа 2 волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид (Михаела Протуѓер и Ивана Грданова) кои се стекнаа со базични познавања од областа на психо-социјална помош и прва психолошка помош, за жртви погодени од криза, деца, но и за вработените и волонтерите од Црвен Крст.

< врати се назад