ноември 24, 2021

Обука за прва помош за волонтери кои помагаат на вакциналните пунктови

Во период од 19.11 до 21. 11. 2021 во организација на Црвен крст Охрид, во х.Белведере се оддржа обука за прва помош за волонтери кои помагаат на вакциналните пунктови. Опфатени беа вкупно 20 волонтери од Битола, Струга, Кичево и Охрид. Таргет група беа волонтери што помагаат во процесот на имунизација против Ковид-19 во вакциналните пунктови во својот град.
Обуката ја реализираа д-р Ружица Ангелеска и Георги Ставрески. Акцентот на обуката беа можните повреди и состојби во вакциналните пунктови. Но беа предадени сите групи на повреди и можни итни состојби кои бараат неодложна прва помош во секојдневниот дел од животот на било кое место и во било кое време.
На крајот од обуката, со помош на волонтерите од ООЦК Охрид при Клубот на млади беа подготвени реалистични сценарија преку кој самите учесници имаа можност да се уверат во своите способности и стекнати вештини. А самите сценарија и третманот којшто го прикажаа учесниците беа доказ дека добро ја совладале материјата низ теоретските и практичните предавања и се подготвени за укажување основна прва помош
< врати се назад