септември 21, 2022

НЕДЕЛА НА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

Во рамките на ЦКА-ПХВ програмата секоја година во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која има за цел да ги анимира младите, но и да го промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата.
 
Оваа година неделата ја одбележуваме со ликовен конкурс на тема “Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории- за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение.
 
Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор. Цртежот треба да ги содржи следните информации – име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII одд., 14г. , ОУ М.Милевски-Прилеп, акварел).
 
Творбите треба да бидат доставени во ООЦК Охрид најкасно до 27 септември.
 
За најуспешните во двете категории следува викенд за цело семејство во Струга во одморалиштето на Црвен крст, Солферино.
 
< врати се назад