март 2, 2026

Недела на борба против рак

Денес, во рамки на Неделата на борба против рак, под мотото „Превенцијата спасува животи“, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа предавање за малигни заболувања со посебен фокус на рак на простата. На настанот присуствуваа волонтерите и корисниците од Програмата за грижа за стари лица, како и членови на Сојузот на борци, а предавач беше Др. Јованчо Митрески од Одделението за Урологија при Општа болница Охрид.

На предавањето се потенцираше важноста на редовни прегледи, здрави животни навики и навремена реакција. Светските и домашните бројки се алармантни: секоја година над 12 милиони луѓе заболуваат од рак глобално, а 7,6 милиони го губат животот, додека во нашата држава се откриваат преку 6.000 нови случаи годишно.

Приближно 40% од карциномите може да се спречат со превенција и здрав живот, и токму тоа беше поентата на денешното предавање. Благодарност до Др. Митрески и до сите присутни за интересот и ангажманот!

Заедно учиме како да ги чуваме здравјето и да спасуваме животи.

< врати се назад