октомври 19, 2021

Мотивациска работилница за крводарители во гимназијата ОСУ “Св.Климент Охридски” – Охрид

Во текот на изминатата недела волонтери-мотиватори за крводарителство од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид одржаа мотивациска работилница за крводарители во гимназијата ОСУ “Св.Климент Охридски” – Охрид. На работилницата беа присутни 25 ученици од 4та година, кои понатаму ги мотивираа и информираа своите соученици

Учениците преку вежби и дискусија ги дознаа критериумите, мотивацијата и бенефициите на КРВОДАРИТЕЛИТЕ.

За градење на подобар свет, клучно е поттикнувањето на хуманост, свесност и активизам кај младите

Ние се надеваме на успешна крводарителска акција со многу хумани гимназијалци, а притоа изразуваме благодарност до Гимназијата на отворената соработка!

< врати се назад