Млади лидери создаваат иднина
По успешно завршените два циклуси, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид на 18.02.2020, со првата од предвидените четиринаесет работилници започна и третиот циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“. Во текот на оваа, воведна работилница, новите учесници во Програмата имаа можност да го збогатат нивното знаење за поимот вработливост, како и за вештините за вработливост. Работилницата ја одржа Маја Ташева Биткоска, раководителка на Центарот за вработување во Охрид.
Оваа програма, наменета за ученици од 14-18 години интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. Воедно младите ќе ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери ќе можат да придонесат во развојот на заедницата, како и да стекнат и развиваат вештини за вработливост, чувство за цел и иницијатива, одговорност и ресурси потребни за достигнување на компетитивни работни кариери.