мај 25, 2022

Механизам за поплаки и препораки

Црвен крст Охрид во соработка со Истражувачкото друштво Урсус Спелеос и Еко Логик го
спроведуваат проектот Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во
Националниот парк Галичица“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и Critical Ecosystem
Partnership Fund (CEPF).


Преку овој проект Црвениот крст и неговите партнери имаат за цел да ги зајакнат образовните
капацитети за заштита на лилјаците и пештерите во регионот на Националниот парк Галичица
преку развој на образовни ресурси, споделување знаења и зајакнување на капацитетите на
локалните организации.


Главните цели на проектот се:
1. Подготовка на 2 дисеминациски / едукативни модули за заштита на пештери и лилјаци во
Националниот парк Галичица (наменети за деца од градинки и основци;
2. Подготовка на 2 интерактивни игри за заштита на пештери и лилјаци (наменети за деца од
градинки и основци);
3. Спроведување обука за едукатори за имплементација на модулите, како и едукативни
работилници во градинките и основните училишта на територијата на општина Охрид;
4. Подготовка и дистрибуција на флаери и постери;
5. Спроведување на теренска посета во пештера во Националниот парк Галичица;
6. Спроведување работилници за споделување искуства и вмрежување како и развивање;
едукативна иницијатива за заштита на пештери и лилјаци во Националниот парк Галичица


Доколку забележите или мислите дека со активностите што се спроведуваат се нарушува
животната средина, здравјето или правата на заедницата воопшто или одредени групи, ве
молиме прво известете го Црвен крст Охрид;
Е-маил адресата, телефонскиот број и физичката адреса за организацијата – Црвен крст Охрид,
ohrid@redcross.org.mk +389 75 689 959, Димитар Влахов 52, Охрид
Ќе добиете одговор во рок од 10 дена.

Ќе ги споделиме сите поплаки – и нашиот одговор – со регионалниот тим на CEPF за
имплементација, координаторката за мали грантови Маријана Демајо,
marijana.demajo@pticesrbije.rs и директорот на грантот на CEPF во рок од 15 дена.
Ако подносителот на барањето не е задоволен од одговорот, тој/таа може да поднесе жалба
директно до извршниот директор на CEPF на cepfexecutive@conservation.org или по пошта.


Доколку барателот не е задоволен од одговорот на извршниот директор на CEPF, тој/таа може да
ја поднесе жалбата до Светска банка во канцеларијата на Светска банка:

< врати се назад