август 11, 2023
Летни активности на Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид
Тимот кој раководи со Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид, за време на летниот период, за своите ученици подготви најразлични содржини кои ќе го задоволат детското љубопитство, интерес, а воедно зачинети со дружење и игра.
Едно ново поразлично искуство беше запознавањето со ВИНГ воздухопловното летало на Армијата на РСМ и опремата што ја користи Планинарската спасителна служба при Црвен крст Охрид.
Младите генијалци исто така имаа можност да бидат во улога на млади истражувачи.
Со голем интерес и љубопитност го истражуваа животинскиот и растителниот свет по едукативно-еколошката патека на НПГ.
Во училницата во природа изработија разгледници, а во опремената лабораторија, под микроскоп, ги набљудуваа инсектите и другите животински видови кои ги собраа за истражување.
Имаа можност да добијат одговор на прашања поврзани со Националниот парк Галичица од страна на одговорно лице од паркот.
Децата кои се дел од програмата Бреинобреин – Црвен крст Охрид исто така имаа можност да бидат дел од тренинг во пливање во отворениот базен ,,Атина Бојаџи”.
Научија нови техники кои ќе им помогнат при пливањето, од страна на м-р Катерина Стојаноска, инструктор по пливање, во пливачкиот клуб Охридски бранови 2008.