Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе
Црвениот крст на Република Македонија изминатите години активно дејствува на полето Трговија со луѓе со акцент на подобрување на превенцијата на трговија со луѓе во земјата преку зајакнување на капацитетите и подигање на свеста кај младата популација за сите форми на трговија со луѓе.
По повод одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, врснички едукатори од Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на ден 18.10.2018 година одржаа три работилници. Работилниците беа со времетраење од еден час и тоа првата во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ со 25 средношколци а другите две во ОУ „Св. Климент Охридски“ со две групи од 15 и 19 ученици
Врснички едукатори на овие работилници беа Магдалена Апостолоска, Кирил Тофилоски и Михаела Протуѓер, волонтери во Општинска организација Охрид.