јуни 13, 2022

Eдукативно предавање наменето за корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица –„Најди време”, и претставници од Здружението на пензионери на Општина Охрид.

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид организираше едукативно предавање наменето за корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица –„Најди време”, и претставници од Здружението на пензионери на Општина Охрид.
 
На презентацијата која беше водена од страна Др.Виолета Мојсовска од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, присутните имаа можност да се запознаат со кардиоваксуларните заболувања, нивните симптоми, дијагностичките прегледи како и третман и терапија.
 
Исто така, презентирани беа и препораки за заштита и подобрување на квалитетот на животот кај лицата со кардиоваскуларни заболувања.
 
Ова предавање е дел од календарот на активности предвидени со програмата за Грижа за стари лица –„Најди време” при Црвен крст Охрид.

< врати се назад