јануари 31, 2022

Едукативен постер за пештери и лилјаци во Национален парк Галичица (наменет за возрасна група на деца од градинка)

👉 Активно работиме на подобрување на едукацијата за заштита на животна средина!
👉 Во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” кој е поддржан од страна на PONT/CEPF, како активност која беше одговорност на проектниот партнер Истражувачко друштво „Урсус спелеос“, се подготви едукативен постер за пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, наменет за возрасна група на деца од градинка. Постерите, во текот на наредниот период, ќе бидат дистрибуирани во рамки на образовните институции (градинки) на територија на општина Охрид.
За повеќе информации за проектот, слободно можете да нѐ контактирате!
< врати се назад