
мај 4, 2023
49-ти Општински натпревар по Прва Помош
Ве информираме дека, после 2 годишна пауза поради Ковид-19 кризата, годинава ќе се одржи 49-тиот Општински натпревар по Прва Помош, во организација на Црвен крст Охрид.
Дозволете да Ве потсетиме дека несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа…Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Првата помош е непроценлива животна вештина која секој човек, особено младите треба да ја научат и надоградуваат во текот на животот.
– Сабота, 6.5.2023г.
– Официјален почеток – 09:00
– Старт: градски плоштад
