
Жална вест
Со длабока тага ја споделуваме веста за загубата на нашиот драг колега и пријател, Глигор Новачевски.
Глигор (Гиго) беше неуморен хуманитарец, посветен работник, волонтер и вистински столб на нашата организација. Неговата пожртвуваност и љубов кон мисијата на Црвениот крст беа инспирација за сите нас. Со децении активно учество, Гиго несебично им помагаше на сите – секогаш таму каде што беше најпотребен, секогаш со отворено срце и искрена желба да направи добро.
Неговата добрина не познаваше граници. Насмевката му носеше утеха, зборовите инспирираа, а неговото присуство беше синоним за спокој и сигурност. Остави длабока и трајна трага во срцата на сите кои имаа чест да го познаваат и да работат со него.
Ќе ни недостасуваш, Гиго. Празнината што ја оставаш зад себе е огромна, но спомените за твоето дело и човечноста што ја ширеше ќе светат засекогаш.
Во овие тешки моменти, упатуваме најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите блиски.
Нека му е вечна слава.
Ти благодариме за сè.
Во чест на нашиот ценет колега Глигор Новачевски, Црвениот крст на РСМ ќе одржи комеморативна седница во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз на 13 јуни, 2025 со почеток во 10:00 часот.
Погребот ќе се одржи истиот ден на градските гробишта Бутел во Скопје од 12.30 часот.
Со почит,
Црвен крст на РСМ