декември 4, 2019

Женскиот хор A Cordis

Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид  е побогат за уште една музичка содржина. Деновиве во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор A Cordis. Петнаесет дами под водство на диригентот професор Билјана Николоска,  секој понеделник со своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекувамего за Новогодишните празници. 

< врати се назад