март 25, 2021

Жена лидер – Катерина Наумоска

Катерина Наумоска има 38 години и е Дипломиран политиколог, активен волонтер на Црвен крст Охрид од 2018 година. Вклучена е како волонтер во Програмата за развој на младинско лидерство ,,Млади лидери“ од самиот почеток на креирање и имплементација на програмата во партнерство со волонтер на Мировен корпус. Истотака, свој придонес дава во Програмата за англиски час за приказни за деца “Време е за книга” каде еднаш неделно се одржуваа часови за деца на возраст од 4-7 години.

Со почеток на пандемијата со коронавирусот Ковид-19, Катерина несебично се става во функција на работата на Црвениот крст и во првите волонтерски линии за помош на најранливото население на наши сограѓани.

 

Во рамки на кампањата на Меѓународната Федерација по повод на Меѓународниот Ден на жената, Црвен крст слави и им оддава почит на милиони извонредни жени кои ја сочинуваат нашата волонтерска база и работна сила низ целиот свет. Жените во црвено се столбот на нашето Движење и покажуваат неизмерна издржливост, сочувство и храброст во најтешката година. Не можеме ништо без нив.

   

Жените во Црвениот крст и Црвената полумесечина се лидери за време на пандемијата со КОВИД-19 – не само оние на раководни функции, туку преку безброј секојдневни лидерски дела во заедниците и во нашата мрежа. Сведоци сме на бесконечни примери на жени волонтери и вработени прават исчекор и ги водат своите колеги во оваа криза. Овие жени го прават тоа додека истовремено се справуваат со дополнителните, родови влијанија предизвикани од КОВИД-19 во нивниот личен живот. Во овие најтешки времиња, поединечните дела на лидерство, како што се овие, го олицетворуваат најдоброто во човештвото.

По тој повод, сакаме да кажеме: Катерина ти благодариме за твоето волонтирање!

< врати се назад