
ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ!
Во рамки на Неделата за борба против срцево-садовни заболувања, 21-28 февруари. Денеска, Црвен крст Охрид на градкиот плоштад организираше информативен штанд и штанд за мерење на крвен притисок.
На нашиот штанд граѓаните имаа можност да:
Бесплатно да го измерат својот крвен притисок и да добијат информации за неговото значење и како да го одржувате во нормални граници.
Се информира за превенција на срцево-садовните заболувања – што можете да направите денес за да го заштитите вашето срце утре?
Добија совети за здрав начин на живот – исхрана, физичка активност, контрола на стресот и други корисни препораки.
Дознаа повеќе за мисијата на Црвен крст Охрид и како можете да станете дел од нашите активности и хуманитарни иницијативи.
ЗОШТО Е ОВА ВАЖНО
Срцево-садовните заболувања се еден од водечките здравствени проблеми во светот. Високиот крвен притисок, неправилната исхрана, недостатокот на физичка активност и стресот се само некои од факторите кои го зголемуваат ризикот. Превенцијата и навремената грижа за здравјето можат значително да ја намалат можноста за срцеви компликации.
Грижете се за вашето срце!




