
ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ!
Во рамки на Неделата за борба против срцево-садовни заболувања, 21-28 февруари, Црвен крст Охрид утре (22.02.2025) на градкиот плоштад со почеток 13:00ч организира информативен штанд и штанд за мерење на крвен притисок.
На нашиот штанд ќе можете:
Бесплатно да го измерите вашиот крвен притисок и да добиете информации за неговото значење и како да го одржувате во нормални граници.
Да се информирате за превенција на срцево-садовните заболувања – што можете да направите денес за да го заштитите вашето срце утре?
Да добиете совети за здрав начин на живот – исхрана, физичка активност, контрола на стресот и други корисни препораки.
Да дознаете повеќе за мисијата на Црвен крст Охрид и како можете да станете дел од нашите активности и хуманитарни иницијативи.
ЗОШТО Е ОВА ВАЖНО
Срцево-садовните заболувања се еден од водечките здравствени проблеми во светот. Високиот крвен притисок, неправилната исхрана, недостатокот на физичка активност и стресот се само некои од факторите кои го зголемуваат ризикот. Превенцијата и навремената грижа за здравјето можат значително да ја намалат можноста за срцеви компликации.
Грижете се за вашето срце! Превземете чекор кон подобро здравје – посетете нè утре, измерете го вашиот крвен притисок и дознајте како да се заштитите.
