септември 26, 2025

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ЦКА-ПХВ 2025

Традиционално како дел од ЦКА-ПХВ програмта, секоја година во периодот од 21 до 27 септември се одбележува Неделата на промоција на хумани вредности преку која се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир, согласно Стратегијата 2030 на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Денеска, Црвен крст Охрид, во своите простории, организираше завршен настан за ЦКА-ПХВ 2025 на кој беа презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери.

На ЦКА-ПХВ 2025 циклусот, волонтерите на Црвен крст Охрид изработија 4 проекти, кои сите беа оценети со највисоката оценка.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#phv2025

< врати се назад