септември 25, 2025

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ЦКА-ПХВ 2025

Традиционално како дел од ЦКА-ПХВ програмта, секоја година во периодот од 21 до 27 септември се одбележува Неделата на промоција на хумани вредности преку која се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир, согласно Стратегијата 2030 на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Црвен крст Охрид организира завршен настан за ЦКА-ПХВ 2025, кој ќе се одржи на 26.09.2025 (петок), во просториите на Црвен крст Охрид со почеток од 14:00ч.

На настанот ќе бидат презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери, со цел промовирање на солидарноста, хуманоста и активната вклученост во заедницата.

Како знак на признание и благодарност, ќе бидат доделени благодарници на сите младинци и спонзори кои активно учествуваа и придонесоа во изработката и реализацијата на овие значајни проекти.

< врати се назад