јули 30, 2024

ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Црвен крст Охрид продолжува да дистрибуира материјали со препораки за заштита на здравјето во услови на топлотен бран.

Деновиве, во дистрибуцијата на едукативните материјали за заштита од топлотен бран беа вклучени и нашите волонтери кои делеа такви материјали на граѓаните на Охрид.

Исто така, во соработка со полициски службеници од езерската полиција, материјали со совети за заштита од топлото време им беа поделени на граѓани во пловни објекти.

Заедничката акција на Црвен крст Охрид и езерската полиција ќе продолжи во текот на претстојните викенди.

< врати се назад