септември 23, 2022
Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени
Започна реализацијата на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.
Од 01.09.2022, Црвен крст Охрид, во партнерство со Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, започна да го спроведува проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ којшто е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT .
Овој проект ќе се реализира со цел зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на локалното население за адаптација кон климатски промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. За да се оствари оваа цел, во текот на следните три години, колку што ќе трае проектот, ќе се преземат низа научни, едукативни и активности за јакнење на капацитети за заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица.
Во насока на организирање, координирање и на навремено спроведување на предвидените проектни активности, во текот на изминатава недела, во просториите на Црвен крст Охрид се одржаа средби со претставници на проектниот партнер „Урсус спелеос“, на Јавната установа Национален парк Галичица и на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.
Спроведувањето на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ претставува продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу овие организации.
#климатскипромени #climatechange #пештерскиекосистеми #caveecosystems #биодиверзитет #biodiversity #црвенкрст #урсусспелеос #националенпаркгаличица
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT).