Заедничка кампања со СВР Охрид за превенција од КОВИД 19
Со цел подигнување на совеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид 19, на ден 13.06.2020 Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид заедно со СВР Охрид преку одделението за превенција, реализираше превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19..
Во рамките на превентивните мерки, претставници на оделенијата за превенција во соработка со волонтери на Општинска организација Охрид беа поставени на двата влеза, а потоа и во центарот на градот и на лицата во патнички моторни возила и случајни минувачи им беше мерена телесна температура, беа поделени заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.
Самиот настан беше одржан со цел дополнително информирање на јавноста за важноста и ефикасноста за следење на препораките дадени од Владата на РСМ.