март 1, 2024

ЗАБАВУВАЈ СЕ ВО ЗНАКОТ НА РЕТКИТЕ!

Волонтерите од Клуб на млади во соработка со младинската заедница од СОСУ “Св. Кирил и Методиј” поддржани од Здружението за ретки болести и Shilla – coffee & bar активно се вклучија и во овогодишната кампања за поддршка на лицата со ретки болести преку организација на хуманитарна забава.
За да се соберат финасиски средства за поддршка на нашиот сограѓанин Петар Попоски кој исто така боледува од ретка болест, младите волонтери и музички таленти од нашите средни училишта на ден 29.2.2024 заедно се забавуваа, пееја и ја покажаја својата хуманост.
Собраните средства во износ од околу 9000 денари во договор со претседателот на здружението Ретко е да си редок Гордана Лолеска ќе бидат наменети за Петар Попоски. Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради тоа мора да се оперира во Турција и се потребни околу 50 илјади евра.
Се заблагодаруваме на сите кои помогнаа во реализацијата на овој настан и кои донираа.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 6 people and television
May be an image of 1 person
May be an image of 6 people
May be an image of 7 people, drink and crowd
 
 
 
< врати се назад