ноември 1, 2025

ЗАБАВА ПОД МАСКИ

Вчеравечер, во Friends Lounge Bar, Клубот на млади при Црвен крст Охрид ја ораганизираше својата традиционална Забава под маски. Вечерта помина во духот на дружењето, позитивната енергија и хуманоста – три вредности кои секогаш го следат нашиот клуб.

Собраните средства од забавата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, со што уште еднаш докажавме дека секоја забава може да има повисока цел – да донесе радост и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Искрена благодарност до сите кои беа дел од оваа прекрасна вечер како и do @friendsloungebar2025 за овозможениот простор.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид

< врати се назад