јуни 29, 2022

„ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ – ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВНИ НАГРАДИ

Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид
„ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ информираме дека извлекувањето на добитниците на 50 вредни награди ќе се изврши утре, четврток, 30.06.2022 година во 19:00 ч.
 
📌 Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtu.be/f_4GRBjsUMY
 
📌 Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот: https://youtu.be/f_4GRBjsUMY
 
📌 Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.
 
❤️ Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 37.750 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекувањето на деца од семејства во социјален ризик. ❤️
< врати се назад