мај 18, 2026

ВТОРО МЕСТО НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ 2026

На Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа во Скопје, на 17.05.2026 година, екипата на Црвен крст Охрид во конкуренција на 14 екипи го освои второто место.

Екипата по прва помош во состав: Марио Ѓорески, Ивона Ристеска, Стефани Шапевска, Антонија Шуменкоска, Теона Талевска – ученици од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид и Филип Танаскоски и Ања Алческа – ученици од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Следуваат подготовки за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2026 година.

На екипата и честитаме за успехот, а воедно изразуваме голема благодарност до менторите вклучени во подготовката на екипата, волонтерите на Црвен крст Охрид (актери и шминкери на реални повреди) и до домаќинот на Регионалниот натпревар, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Кисела Вода.

< врати се назад