февруари 17, 2026

Втора ЦКА–ПХВ обука за 2026!

Вчера, просториите на Црвен крст Охрид повторно беа исполнети со младинска енергија и креативност. На втората обука за ЦКА-ПХВ 2026 присуствуваа 32 младинци од Охрид, подготвени да навлезат подлабоко во светот на хуманитарната работа и проектното делување.

Главната тема на оваа обука беше изработка на проекти – од идеја до реализација. Младинците имаа можност да научат кому му помага Црвениот крст, какви типови на проекти постојат и на какви иницијативи ќе работат во текот на програмата. Посебен акцент беше ставен на препознавање и лоцирање на целната група, како и на важноста проектите да одговараат на реалните потреби на заедницата.

Преку интерактивни активности, дискусии и тимска работа, учесниците ги развиваа своите идеи и го зајакнуваа чувството за одговорност, солидарност и проактивност. Обуката помина во мотивирачка атмосфера која ги охрабри младите да размислуваат креативно и да создаваат решенија што ќе донесат позитивни промени.

Ова е следниот чекор од нивното тримесечно патување исполнето со учење, личен развој и хумани дела. Со нетрпение ги очекуваме проектите што ќе произлезат од нивните идеи и ентузијазам!

< врати се назад