
ВТОРА ЦКА-ПХВ 2025 РАБОТИЛНИЦА
На 25.02.2025 во просториите на Црвен крст Охрид беше одржана втората работилница од овогодишниот ЦКА-ПХВ циклус.
На оваа работилница, овогодишните младинци на ЦКА-ПХВ циклусот имаа можност повеќе да навлезат и подобро да се запознаат со процесот на правење на своите проекти во придонес на заедницата.
Исто така, младинците имаа прилика да стекнат повеќе вештини како снаодливост, тимска работа, презентациски вештини, креативност, како и да научат:
Како да препознаат кој е проблемот во заедницата, неговата причина и последици?
Како се изработува еден проект?
Која треба да е нашата цел при креирање на проектот?
На овогодишните младинци, им посакуваме многу успех и среќа во изработката на своите проект.




