февруари 13, 2019

Втора ЦКА-ПХВ работилница

Во организација на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 12.02.2019 тимот на ПХВ инструкторите успешно ја реализираше и втората ЦКА- ПХВ обука. Младинците помотивирани и со нови искуства на чекор понапред пред да ги започнат нивните проекти со кои прават промени во нашата заедица од типот на Социјално- хуманитарна помош, Здравствено- превентивни едукации, Мултиетничка интеграција, Промена на дневна рутина на лица со посебни потреби и останато. А сето тоа преку организирање на работилници, отворени трибини, концерти и други креативни настани на кои можат да присуствуваат сите граѓани.

< врати се назад