април 4, 2024

ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ

Црвен крст Охрид почна со реализирање на врснички едукации во 2024 година со цел побрзо исполнување на минимум стандардите за информирање на населението.
Беа одржани 2 врснички едукации во следните училишта :
Лија Камбер и Калина Стојаноска (пробна врсничка едукација на тема “Превенција од трговија со луѓе” ) – ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” ;
Арсениј Ѓоршески и Ивона Аврамоска (пробна врсничка едукација на тема “Превенција од болести на зависности” ) – ООУ “Кочо Рацин”.
Врсничките едукации беа одржани на 25 март и 3 април и беа опфатени околу 30 ученици.
Со тоа беа завршени сите пробни едукации на кандидатите за врснички едукатори од Клубот на млади во Охрид од последниот тренинг.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 10 people and people studying
 
 
 
< врати се назад