март 2, 2023
ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ
Врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид продолжуваат со спроведување на врснички едукации со цел побрзо исполнување на минимум стандардите и информирање на населението .
Минатата недела на 22 и 23 февруари беа одржани две врснички едукации за превенција од болестите на зависности во основното училиште “Григор Прличев” .
На овие едукации околу 50 ученици од деветто одделение беа запознаени со зборот зависност, причините поради кои настанува, штетните ефекти на зависните супстанци, како и начините на третман и спречување на зависноста.