февруари 14, 2023

ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА БОЛЕСТИ ОД ЗАВИСНОСТИ

Црвен крст Охрид почна со реализирање на врснички едукации во 2023 година со цел побрзо исполнување на минимум стандардите за информирање на населението.
 
 Беа одржани 3 врснички едукации за превенција на болести од зависности во основните училишта “Св. Климент Охридски” и “Ванчо Николески” со учениците од седмо, осмо и деветто одделение.
 
Врсничките едукации беа одржани во периодот од 7 до 10 февруари од страна на врсничкиот едукатор Борче Исакоски.
 
Околу 80 учесници се запознаа со тоа што значи зависност, зошто настанува, каков ефект имаат наркотиците врз организмот и како се спречува зависноста.
< врати се назад