декември 21, 2023
Врсничка едукација на тема СПИ
На 18.12.2023 беше одржана врсничка едукација во Охридската Гимназија со учениците од спортската академија од сите 4 години.
Едукацијата беше одржана од страна на обучени врснички едукатори за СПИ- Ивана Котеска и Сара Петковска во присуство на 30тина ученици.
Присутните имаа можност да се запознаат со тоа што се тоа сексуално преносливи инфекции, како се пренесуваат, како се третираат, кој се последиците и пред се’ како да се заштитат.